Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да го продаде Пол Погба на крајот на сезоната и веќе ја одреди цената за Французинот.

Според „Сан“, минатото лето клубот од „Олд Трафорд“ барал 150 милиони фунти – сума што ги откажа Реал Мадрид и Јувентус, кои покажуваат најголем интерес за Французинот.

Цената сега е 100 милиони, а агентот на играчот Мино Раиола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.

Погба се уште се опоравува од операцијата на глуждот и се очекува наскоро да се врати на терените.

Поради честите повреди и лошата сезона падна цената на Погба, а Реал Мадрид и Јувентус остануваат фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чупиќ: Без плата се навикнавме, но не и без овој Вардар!

Вардар е во финансиска криза и тоа веќе им е на сите јасно, сепак против Мотор ракометарит…