Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед купува бек од Баерн

Манчестер Јунајтед купува бек од Баерн

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пред две години пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Добива мала минутажа па и самиот е спремен да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед бара замена за Ван Бисака.

Тен Хаг одлично го познава Мазрауи и верува дека неговото доаѓање ќе биде полезно и за Антони бидејќи двајцата функционираа одлично во Ајакс.

„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот и се спремни да понудат 20 милиони фунти за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…