Најмалку во следните два месеци, Нусар Мазрауи ќе биде надвор од терените откако му било откриено ретко заболување на срцето.
Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека на Мароканецот му е откриена аритмија која всушност била проблем од пред неколку години. За да се реши проблеми, Мазрауи ќе мора да се оперира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На „Олд Трафорд“ Мазрауи пристигна пред самиот крај на преодниот рок од Баерн Минхен, а од почетокот беше стандарден на позицијата десен бек.
Неговата повреда е само уште еден проблем за „црвените ѓаволи“, посебно затоа што надвор од терените е и Лени Јоро за кого плати 60 милиони евра летово на Лил.