Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед води против Ливерпул, Клоп збесна! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед води против Ливерпул, Клоп збесна! (ВИДЕО)

0

Денес Манчестер Јунајтед и Ливерпул го играат дербито на колото во Премиер лигата.

Во првиот половина час гледавме натпревар без многу шанси, а Манчестер Јунајтед успеа да стигне до водство од својата прва шанса и тоа преку критикуваниот Маркус Рашфорд. Мора да се истакне дека освен Рашфорд за голот е заслужен и Даниел Џејмс.

Пред овој гол имавме и момент кој сигурно ќе биде предмет на коментирање, посебно ако Ливерпул не победи. Барем една минута се прегледуваше ситуацијата, но на крајот беше донесена одлука дека немало прекршок и голот беше признат.

Посебно негодување поради одлуката да биде признат овој гол покажа тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Неколку минути подоцна Садио Мане постигна гол, но тој беше поништен поради играње со рака.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендата на Арсенал застана во одбрана на Џака

Во англиските медиуми една од главните теми е Гранит Џака и неговиот статус во Арсенал. Шв…