Дома Македонски спорт Мак фудбал Маневски: Тиквеш ќе допатува во Штип мотивиран, мора да бидеме максимално сериозни

Маневски: Тиквеш ќе допатува во Штип мотивиран, мора да бидеме максимално сериозни

По пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија и победата над Воска Спорт на гостувањето во Охрид, фудбалерите на Брегалница комплетно се насочуваат на новите прволигапки предизвици и пресметката со Тиквеш во недела на Градскиот стадион во Штип.

Јасно е дека желбата во составот на Марјан Секуловски е триумф против Тиквеш за нов приклучок кон првата половина од табелата во елитното друштво. Сето тоа, без сомнение, е желба и на стандардниот левокрилен дефанзивец во редовите на „сините“, Михаил Маневски.

„Желбата секако е победа како би имале приклучок кон горниот дел од табелата. Свесни сме дека ќе биде повторно еден цврст, тежок, дуел какви се сите оваа сезона во Првата лига, но знаеме и дека можеме и треба да ги освоиме трите бода. Тиквеш ќе допатува во Штип силно мотивиран за бодови, па затоа мора максимално сериозно да пристапиме на натпреварот. Ако ги исполниме сите зададени задачи од стручниот штаб, онака како што треба на терен, знам дека позитивниот резултат нема да изостане“ – вели Маневски.

Натпреварот меѓу Брегалница и Тиквеш на Градскиот стадион во Штип се игра во недела (19. септември) со почеток од 15 часот.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Александар Таневски повеќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров

Maкедонија Ѓорче Петров беше поразена од Брегалница (4:1), а по тој пораз цената ја плати …