Македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе учествува на силен турнир во Кина.
Од редовите на МЗТ објавија дека на турнирот ќе учествуваат на покана од организаторот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Аеродромци кон крајот на следниот месец ќе заминат во кинескиот град Чонгкинг, кој се наоѓа во истоимената провинција во оваа трета по големина земја во светот. Овој турнир ќе биде исклучително квалитетен, со оглед што освен нашиот тим на него ќе настапат и кинеските шампион Лиаонинг и вицешампионот Ксинјанг додека името на четвртата екипа, која исто така ќе биде од Европа, дополнително ќе биде објавено“, соопшти МЗТ.
Ова ќе биде одлична проверка за четата предводена од тренерот Васко Атанасов во пресрет на сезоната во која ќе се брани двојната круна на домашна сцена и ќе биде направен обид за добар настап во АБА2 и евентуална враќање во јадранската елита