Дома Македонски спорт Македонија со 29 каратисти на Европското првенство во Данска

Македонија со 29 каратисти на Европското првенство во Данска

Македонската карате репрезентација ќе настапи со 29 каратисти во сите категории на 46-тото Европско карате првенство за кадети, јуниори и сениори кое ќе се одржи во Алборг, Данска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонските репрезентативци ќе бидат предводени од селекторите Стојан Андриевски (кати), Александар Кузмановски (кадети и јуниори), Арлинд Хусеини (постари јуниори).

Македонското карате последниве неколку години остварува одлични резултати, а последниот освоен медал е минатата година, кога Фаик Весели (категорија до 61 кг) во борби се закити со сребрен медал од сениорското Европско првенство во Русија.

„Радува податокот за зголемениот интерес на младите што се занимаваат со овој спорт, но и големиот број каратисти, кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, со што се оправдува петдецениското постоење на каратето во Македонија“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски, кој на вчерашната средба на репрезентативците им посака успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …