Во ракометната Лига на шампиони комплетирано беше второто коло по кое двајцата македонски голмани Никола Митревски и Марко Кизиќ имаат по една одбрана во најдобрите пет.
Митревски беше еден од најзаслужните за камбекот на Порто против Целје, а еден од одбранетите зицери во тие моменти доби место во најдобрите одбрани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кизиќ доби место одбраната на еден контранапад на гостувањето кај Алборг и го освои третото место, две позиции понапред од Митревски.
За жал неговата одбрана немаше големо влијание на резултатот затоа што Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз.
Одбраните можете да ги погледнете на официјалниот сајт на ЕХФ – ТУКА.