Репрезентацијата на Македонија во декември годинава, по завршувањето на новиот циклус во Лигата на нации, ќе ги дознае ривалите во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Македонија на извлекувањето за квалификациските групи ќе се појави од третиот шешир.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во европските квалификации ќе има 12 групи кои ќе бидат составени од пет или четири селекции.
Групите со пет селекции квалификациите ќе ги започнат во март наредната година, додека во септември 2025 година ќе започнат натпреварите во групите составени од четири селекции.
Само првопласираната селекција ќе добие директна виза за турнирот во САД, Мексико и Канада, додека второпласираната ќе влезе во плејофот заедно со четирите најдобри селекции од Лигата на нации.