Дома Останати Ракомет „Магијата“ на Манасков гол на колото во ЛШ! 🎥

„Магијата“ на Манасков гол на колото во ЛШ! 🎥

Откако заврши првото коло во Лигата на шампионите ЕХФ го избра најдоброто.

Дејан Манасков во натпреварот на неговиот Веспрем против Нант на Кире Лазаров го постигна голот на колото. Манасков се уфрли на пикер доби топка и атрактивно од зад грб го матираше противничкиот голман.

Најдобрите пет голови – тука.

На истиот натпревар ја видовме и најдобрата одбрана и тоа по шутот на Лазаров. Коралес некако успеа да го запре ударот на нашиот капитен, а тоа се покажа и како одбрана на колото.

Најдобрите пет одбрани – тука.

Избран е и тимот на колото:

Родриго Коралес (Веспрем), Александар Блонц (Елверум), Сандер Сагосен (Кил), Ајденас Маласинкас (Мотор), Магнус Род (Фленсбург), Алеиш Гомез (Барселона) и Магнус Саугструп Јенсен (Алборг).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Бартомеу: Меси до 10. јуни требаше да изјави дека сака да замине

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу ги негираше тврдењата дека тој сакал да г…