Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Баерн убедлив, Ливерпул тешко до победа, Лукаку за реми на Интер, Сити сигурен, супер Аталанта! ?

ЛШ: Баерн убедлив, Ливерпул тешко до победа, Лукаку за реми на Интер, Сити сигурен, супер Аталанта! ?

Вечерва се комплетираа натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.

Во натпреварот кој беше означен како дерби на вечерта помеѓу Баерн и Атлетико немаше дилеми околу победникот. Баерн го совлада Атлетико со убедливи 4:0. Натпреварот се отвори после 28 минути игра кога Коман после асистенцијата од Кимих погоди Коман. Во финишот од првиот Коман беше во улога на асистент, а неговата асистенција во гол ја претвори Горецка.?Во натпреварот кој беше означен како дерби на вечерта помеѓу Баерн и Атлетико немаше дилеми околу победникот. Баерн го совлада Атлетико со убедливи 4:0. Натпреварот се отвори после 28 минути игра кога Коман после асистенцијата од Кимих погоди Коман. Во финишот од првиот Коман беше во улога на асистент, а неговата асистенција во гол ја претвори Горецка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На стартот од првиот дел Атлетико ја погоди мрежата на Баерн и тоа можеби ќе беше гол кој ќе ги промени нештата на теренот, но сепак тој гол на Жоао Феликс беше поништен поради офсајд. До крајот Баерн не дозволи изненадување и со уште два гола ја заврши работата.

Во натпреварот во кој се очекуваше да има повеќе возбудувања видовме само еден гол. Ливерпул го победи Ајакс со еден аматерски автогол на Таљафико во првото полувреме.

Борусија Менхенгалдбах и Интер одиграа 2:2. На почетокот на второто полувреме Интер дојде до предност преку Ромелу Лукаку, а во 63 минутата Бансебанини од пенал изедначи на 1:1. Хофман погоди за Брусија на пет минути до крајот и тогаш се мислеше дека Борусија ќе слави во овој дуел, но во 90. минута Лукаку со својот втор гол донесе бод за „нероаѕурите“.

Манчестер Сити иако имаше негатива од Порто сепак не дозволи изненадување и со 3:1 на домашен терен славеше против португалскиот тим. Луис Диаз после 15 минути игра ја погори мрежата на Едерсон, а Агуеро од пенал изедначи само седум минути подоцна. Во вторите 45 минути победата на Сити ја обезбедија Гундоган и Феран Торес.

Аталанта беше најубедлива и од Данска во мечот против Менхенгладбах си замина со победа од 0:4.

Олимпијакос со гол во последните минути го совлада Марсеј со 1:0. Голот во 91. минута го постигна Кока на асистенција на Матија Валбуена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…