Дома Трансфер зона Лука Модриќ со еден „лајк“ ја откри својата иднина

Лука Модриќ со еден „лајк“ ја откри својата иднина

Како што стојат работите Лука Модриќ нема да го напушти Реал Мадрид и ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот „ОК Диарио“ објави дека 37-годишниот играч за врска ја прифатил понудата од Саудиска Арабија вредна 120 милиони евра за договор на три години. Набрзо потоа Фабрицио Романо ги демантираше таквите најави тврдејќи дека Модриќ не прифатил никаква понуда и нема намера да замине.

„Неговиот план е да остане во Реал Мадрид. Пред неколку недели договори нов едногодишен договор. Ништо не се променило ниту со најавениот трансфер на Џуд Белингам“, објави Романо на социјалните мрежи.

Дека точни се информациите на италијанскиот новинар потврди самиот Модриќ со „лајк“ на неговата објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…