Дома Фудбал Италија Лоши вести за Милан пред дербито со Интер

Лоши вести за Милан пред дербито со Интер

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли нема да може да смета на Анте Ребиќ за дербито со Интер во сабота, пренесуваат италијанските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец денес беше на лекарска контрола и дефинитивно отпадна од конкуренција за дербито „Дела Мадонина“ кое на програмата е за два дена.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ребиќ го повреди лактот на мечот со Кротоне, па иако не станува збор за фрактура, туку само дислокација, сепак не успеа да се опорави за дербито со Интер.

Убавата вест за тренерот Пиоли е што Златан Ибрахимовиќ ги реши проблемите со коронавирусот, а и капитенот Алесио Ромањоли се опорави од повредата и ќе биде спремен за дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…