Актуелнито договор на српскиот фудбалер, Сергеј Милинковиќ Савиќ со Лацио е до летото 2024 година, меѓутоа првиот човек Клаудио Лотито и понатаму држи висока цена за него.
Савиќ се уште не одлучил дали ќе стави потпис на нов договор, па така често се поврзува со разни клубови. Меѓутоа и покрај што се ближи крајот на неговиот договор Лотито не попушта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немам намера да го продадам Сергеј, тоа не е во моите планови. Понудата за него ќе биде двегодишен договор. Неговата цена ако сака некој да го купи е 120 милиони евра и со секој ден се зголемва се повеќе“, гласи изјавата на претседателот на Лацио.
Милинковиќ-Савиќ скоро секој преоден рок во изминатите три-четири години се поврзува со Лацио, но засега тој и понатаму е член на Лацио.