Дома Трансфер зона Ливерпул ќе тактизира со Алкантара до последниот ден

Ливерпул ќе тактизира со Алкантара до последниот ден

Ливерпул планира да чека со својата понуда за Тиаго Алкантара до последниот можем момент, пренесуваат англиските медиуми.

Трансфер пазарот се затвора на 5 октомври, а „црвените“ се надеваат дека со оваа тактика ќе го принудат Баерн Минхен да ја намали целата од 30 милиони евра, бидејќи Алкантара влезе во последната година од договорот.

Манчестер Јунајтед исто така покажуваше интерес за бившиот играч на Барселона, но на „Олд Трафорд“ веќе пристигна Ван де Бек, па Ливерпул е во пол-позиција за потписот.

Алкантара веќе има договор со Ливерпул, па тоа е причината „црвените“ да тактизираат и да се обидат додатно да ја намалат цената.

Баерн Минхен знае дека е ставен пред „свршен чин“ и пред неколку дена директно го обвини Ливерпул дека „играат некоја игра“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ѕвездата од Серија А се сели кај Алиоски

Ѕвездата на Удинезе и аргентински репрезентативец, Родриго де Паул е блиску до трансфер во…