Тиаго Алкантара би можел да го напушти Ливерпул и кариерата да ја продолжи во Бразил.
Алкатара минатата сезона пропушти голем дел поради повреда, па го загуби местото во првиот тим, а сега предност пред него имаат Мекалистер и Собоцлај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа Шпанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а најсилен интерес за него покажуваат неколку бразилски клубови.
Алкантара е син на прославениот бразилски фудбалер Мазињо, иако е шпански репрезентативец, сепак Бразил е негова татковина.
32-годишниот плејмејкер е спремен да се врати во татковината, а интерес за него покажуваат Коринитианс, Ботафого, Палмеирас и Фламенго.
💣💥 ❗ 🇪🇸 #LFC 🔴 ⚪ #LiverpoolFC❗
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) January 16, 2024
Corinthians, Botafogo, Palmerias and Flamengo are monitoring the situation of Liverpool's 32-year-old Spanish player Thiago Alcantara. pic.twitter.com/ACleHT9fbY