Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул се потсети кога го елиминираше Реал со 5:0…

Ливерпул се потсети кога го елиминираше Реал со 5:0…

Aко се сметаат двата натпревари во нокаут фазата…

По убедливиот пораз на „Енфилд“ од 5:2 во Ливерпул, прават се дополнително да се мотивираат пред реваншот со Реал во Мадрид.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Официјалниот Твитер профил на „црвените“ објави твит со најинтересните детали од мечот во Мадрид во 2009 година, кога Ливерпул победи со 1:0 со голот на Израелецот Јуси Бенајун.

Како и сега и тогаш стануваше збор за осминафинале од Лигата на шампионите. Англискиот тим го доби и реваншот на „Енфилд“ со 4:0, што е еден од најтешките порази на Реал Мадрид на меѓународна сцена со вкупен резултат 5:0.

Ливерпул во тој период од клупата го предводеше Рафа Бенитез, а играа Џерард, Карагер, Торес, Чаби Алонсо, Маскерано, Кајт, Шкртел, голманот Реина …

Сепак, оттогаш поминаа речиси една и пол деценија и Реал победи дури шест од следните седум натпревари кои ги играше против „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Младинците на Барселона триумфираа во Лигата на шампионите

Тимот на младите играчи од Барселона ја освои титулата од Лигата на шампиони победувајќи г…