Дома Топ вести Ливерпул е најблиску до потписот на Белингам

Ливерпул е најблиску до потписот на Белингам


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и се очекува голема битка за неговиот потпис.

Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.

19-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, кој моментно игра одлично на Мундијалот би сакал на лето да се врати во Премиер лигата.

Поради тоа најблиску до неговиот потпис е Ливерпул, а Јирген Клоп нема да жали пари за да го доведе на „Енфилд“.

„Белингам во Ливерпул ја гледа шансата да биде еден од лидерите на екипата, додека Реал веќе има лидери во тимот. Трансферот на Белингам во Ливерпул е многу, многу блиску. Единствен проблем би можеле да претставуваат парите бидејќи Борусија за својот играч бара 150 милиони евра, додека Црвените се подготвени да дадат околу 100 милиони“, открива „Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Калин без загубен сет до полуфинале во Тунис

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановс…