Дома Фудбал Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите“ ќе одиграат два натпревари без својот најдобар играч Лионел Меси.

Додека најдобрите европски репрезентации се подготвуваат за Европското првенство, јужноамериканците се подготвуваат за Копа Америка и во март ќе одиграат пријателски натпревари.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентина на 21 март ќе игра против Салвадор во Филаделфија, додека пет дена подоцна во Лос Анџелес за противник ќе ја има Костарика.

„Гаучосите“ се подготвуваат за Копа Америка која ќе се игра во јуни и јули 2024 година, но овие два натпревари ќе мора да ги одиграат без Лионел Меси.

Како што објави МЛС, Лео Меси ќе ги пропушти овие два натпревари поради повреда на мускулот, но аргентинските медиуми пренесуваат дека во оваа земја настанала паника откако се дознало дека нема да игра.

За пријателските натпревари со Салвадор и Костарика, Аргентина нема да може да смета и на играчот на Рома, Дибала, кој има мускулен проблем, но ќе може да смета на дефанзивецот Лисандро Мартинез, кој се опорави од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…