Дома Фудбал Англија Легендата тврди: Ливерпул нема шанси за Топ 4, ако…

Легендата тврди: Ливерпул нема шанси за Топ 4, ако…

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Џејми Карагер јавно ја критикуваше трансфер политиката на клубот од „Енфилд“.

Карагер смета дека Ливерпул неколку години не донел адекватно засилување за средниот ред и ако не го направи тоа побрзо нема да се пласира во Топ 4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ливерпул купи само еден играч од средниот ред во изминатите четири години и дури сега доаѓа сметката за наплата на таквата политика. Ливерпул почнува да ме потсетува на Арсенал од времето на Венгер, кога не можеше да освои ниту еден трофеј бидејќи играа премногу технички фудбал“.

„Ако во клубот мислат дека можат да бидат меѓу првите четири екипи без вложени пари за засилување во средниот ред, тогаш имаат големи проблеми. Луѓето задолжени за трансфери се најдобри на светот, но не носат ниту едно засилување во средниот ред во последните два преодни рока и не гледаат дека во тој дел од играта имаат најголем проблем“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …