Дома Фудбал Легендата на Реал Мадрид е пред преселба во нов клуб

Легендата на Реал Мадрид е пред преселба во нов клуб

Според шпанските медиуми, Серхио Рамос е блиску до преминување во Бока Јуниорс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рамос минатата сезона играше за Севиља и моментално е слободен играч без клуб. Тоа го искористи Бока Јуниорс.

Аргентинскиот великан ги повлече врските и го договори трансферот на славниот Шпанец. Рамос остана во добри односи со Аргентинецот Фернандо Гаго, кој стана клучниот човек во реализацијата на тој трансфер.

Така Бока наскоро би можела да добие одличен стопер, кој зад себе има навистина богато искуство и бројни трофеи.

Во Севиља заработуваше 11 милиони евра по сезона, а во Бока ќе биде пет милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…