Дома Топ вести Легендата на Реал за Винисиус: Мора малку да се смириш

Легендата на Реал за Винисиус: Мора малку да се смириш

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад, а Бразилецот Винисиус Јуниор повторно влезе во конфликт со навивачите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите неколку пати го навредуваа од трибините, а Винисиус не им остана должен и реши да им одговори.

Бразилецот и пред неколку дена имаше контроверзна изјава со која ги налути Шпанците, па Предраг Мијатовиќ му порача дека мора малку да се смири.

„Тој фрла камења на покривот на сопствената куќа. Ја затрупува. И сето тоа иако е свесен за целата атмосфера околу него. Треба да се смири малку“, изјави Мијатовиќ.

„Сите сме среќни поради голот, но тој веднаш не разочара со начинот на кој славеше. Што прави сето ова за него? Тој си прави лоша услуга. Секојдневно разговарам со многу навивачи на Реал и на сите им пречи неговото однесување“, додаде  легендата на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Боатенг со жестоки критики: Доколку Роналдо е тимски играч, би се повлекол на клупа

Кевин-Принс Боатенг го повика Кристијано Роналдо да се повлече од почетниот состав на порт…