Дома Фудбал Останато Легендарниот Сисе сака да се врати на фудбалот поради една цел: Ќе играм и бесплатно!

Легендарниот Сисе сака да се врати на фудбалот поради една цел: Ќе играм и бесплатно!

Легендарниот Французин Џибрил Сисе има желба да биде повторно активен на терените и да заигра во својата татковина, а има и посебна причина за такво нешто.

Сисе од репрезентацијата се повлече во 2021 година, меѓутоа сега има желба да се активира од пензија затоа што му недостасуваат само четири гола за да стигне до бројката од 100 погодоци во Франција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ми недостигаат четири гола за 100 во дресот на Франција. Ако има клуб кој е заинтересиран нека ме побара, ќе играм бесплатно. Имам чувство како да ми останала некоја работа незавршена.

Знам дека можеби не е пресудно, но живеам со тоа секој ден. Можеби звучи лудо, меѓутоа за мене ова станува опсесија“, порача Сисе.

До бројката од 96 гола во Франција Сисе стигна играјќи за Оксер, Бастија и Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал го победи Атлетико, ПСЖ го порази Леверкузен

Арсенал постигна импресивен успех со 4:0 против Атлетико Мадрид во натпревар од третото ко…