Дома Фудбал Останато Легендарниот Видиќ влегува во трка за прв човек на српскиот фудбал!

Легендарниот Видиќ влегува во трка за прв човек на српскиот фудбал!

Како што пренесуваат српскиот „Спорт Клуб“, Немања Видиќ ќе влезе во трката за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед изразил желба да го преземе раководењето со срспкиот фудбал.

Еден од клучните моменти во одлуката на Видиќ била вчерашната посета на претседателот на Александар Чеферин во Белград.

Наводно, Чеферин имал позитивен став за најавеното кандидирање на Видиќ за претседател на ФСС.

Функцијата претседател на српскиот фудбал во овој момент ја изавршува Ненад Бејковиќ како привремено решение. Претходно како прв кандидат медиумите во Србија го споменуваа Бранислав Недимовиќ, меѓутоа сега веројатно Видиќ доаѓа во прв план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни жестоко удри по Манчестер Јунајтед: „Многу од овие играчи не се доволно добри“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, жестоко го критикуваше составот на клубот, дов…