Немања Видиќ е веројатно еден од најголемите дефанзивци на својата генерација, па и во историјата на фудбалот, доказ за тоа се и бројките.
Но, како и во сите ситуации и тука постојат луѓе со различни мислеа, сепак изјавата на Гери-Тејлор Флечер, екс-фудбалер на Блекупул кој играше против Видиќ во сезоната 2010/2011 е изненадувачка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Да, игравме еден против друг во 2010-11. Тој не е ниту блиску до Фердинанд, Тери и сега Вирџил ван Дијк. Тој е на исто ниво како Мартин Шкртел. Цврст, добар дефанзивец. Но, но не светска класа“, напиша тој.
Тејлор-Флечер постигна 136 гола во текот на својата кариера, играше сениорски фудбал околу 20 години, а има мало искуство во Премиер лигата, главно ја помина кариерата во пониските рангови.
Видиќ во својата кариера има освоено пет Премиерлиги, три Лига Купа, пет Комјунити Шилд, ја освои Лигата на шампионите во 2008 година, го освои Светското клупско првенство на ФИФА, а има и титула со Црвена звезда, како и два купа. ..
Од индивидуалните успеси четири пати беше во идеалниот тим на Премиер лигата, беше најдобар играч на Премиер лигата во две сезони, 2009 и 2011 година, а фудбалерите на Манчестер Јунајтед го избраа за најдобар играч на тимот во 2009 година.