Дома Фудбал Видиќ ги избра најдобрите тројца дефанзивци во Премиер лигата, двајца се од Премиер лигата

Видиќ ги избра најдобрите тројца дефанзивци во Премиер лигата, двајца се од Премиер лигата

Славниот Немања Видиќ одбележа една голема ера во Манчестер Јунајтед кога во прашање е дефанзивата, а дресот на овој клуб го носеше од 2006 до 2014 година и зад себе остави многу успеси и длабока трага.

Манчестер Јунајтед во неговата ера беше сосема спротивно од она што клубот е денеска. Посебно цврста беше одбраната на тимот во која покрај Видиќ, тука беше и Рио Фердинанд.

Видиќ и денес ги следи случувањата во англискиот фудбал, па така сега избра тројца според него најдобри дефанзивци.

„Најдобри дефанзивци? Ќе зборувам за помладите. Микел ван де Вен. Навистина е брз, силен и добар во скок играта. Потоа двоецот на Арсенал Салиба – Габриел, навистина одлично им оди. Гледајќи ги чувствувам дека се максимално мотивирани во секој натпревар да имаат чиста мрежа. Ми се допаѓа менталитетот кој го покажуваат“, изјави Видиќ за „Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јајсле сака повторно со Тони: Њукасл подготвува јануарски потег?

Иван Тони е меѓу напаѓачките цели на Њукасл за зимскиот преоден рок, а Матијас Јајсле наво…