Вечерва со почеток од 20:45 часот екипата на Нант ќе биде домаќин на Веспрем во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Македонскиот селектор пред овој натпревар истакна дека верува во победа на својот тим.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Секако дека веруваме во победата. Натпревари како овој не играме секој ден и мора да уживаме и да му покажеме на Веспрем дека сакаме да победиме и да се пласираме на завршниот турнир. Во овој момент се чувствуваме добро и физички и ментално, тоа секако е добро за нашата самодоверба“, изјави Лазаров.
Дејан Манасков поради повреда не е во составот на Веспрем, а треба да се спомене и дека натпреварот ќе го суди македонската судиска двојка Начевски и Николов.