Дома Македонски спорт Лазаров: Наскоро ќе добијам лиценца за тренер, разговарам со Червар и Пасквал

Лазаров: Наскоро ќе добијам лиценца за тренер, разговарам со Червар и Пасквал

Македонската ракометна икона Кирил Лазаров имаше интервју со хрватскиот новинар Дражен Пиневиќ, во ексклузивното интервју за „Јутарњи лист” и „Спортске новости”.

Во интервјуто Лазаров зборуваше на разни теми.

Како успеваш да издржиш толку години на највисоко ниво? Ракометот е сè побрутален спорт.

„Работам добро, тренирам, го работам она што го сакам. Тоа е мојот живот и затоа ми е лесно. Практично, се посветив на фитнесот, бидејќи годините се години што и да мисли некој. Нема да кажам дека не ги чувствувам затоа што тоа би било лага. Тренирам ракомет четири пати неделно. Здрав сум, не заостанувам физички. Имам мир околу мене, професионалец сум во секој поглед“.

Лазаров призна и дека има намера по играчката кариера да продолжи како тренер.

Дефинитивно го решив тоа. Вложувам многу во моето образование. Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Шанси секогаш има, мислам дека тоа можам да го работам уште утре, но тоа не е суштината на тренерската работа“.

Откри и дека често пати разговара со Линор Червар и Чави Пасквал.

“Има се, освен правила. Има и размислувања од типот: „Не знам што ќе правам по играчката кариера, па ајде да бидам тренер, тоа единствено добро го знам”. Но, тоа не е така едноставно како што изгледа. Мора да се има добар темел, но без надоградување нема напредок. Секој има свој стил. Јас не сум човек од конфликти. Ако тоа се појави, јас бегам од тоа. Секогаш мислам дека постои начин на кој може да го презентирам мојот став како што сакам. Многу разговарам со Лино Червар и Чави Пасквал, кои ми се големи авторитети. Кога ќе дојде време сигурно ќе знам да одберам“.

Лазаров верува дека Македонија може да игра на СП во Египет.

“Ветив во договор со федерацијата дека ќе помогнам колку што можам. На добар пат сме да обезбедиме Европско првенство, со две победи на стартот.Ќе видам по јануари во која насока тoa се развива и дали има смисла.Дали имате намера сами да изградите тренерска кариера?Дефинитивно го решив тоа. Вложувам многу во моето образование. Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Шанси секогаш има, мислам дека тоа можам да го работам уште утре, но тоа не е суштината на тренерската работа“.

Целото интервју можете да го прочитате на фан страната на Лазаров на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

ПСЖ го освои „Олд Трафорд“, фаворитите  немаа проблем вечерва во Лигата на шампиони. Гости…