Дома Фудбал Италија Кулушевски: Во Јувентус многу нешта не функционираа

Кулушевски: Во Јувентус многу нешта не функционираа

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски во јануари се пресели во Тотенхем на позајмица од Јувентус.

Кулушевски покажува одлични партии во Лондон, па Тотенхем најверојатно ќе ја искористи опцијата за негов откуп на лето.

Тој испрати критики до Јувентус и тренерот Алегри, каде не беше во прв план сезонава.

„Работите за еден фудбалер може брзо да се променат. Имаше многу работи кои не функционираа во Јувентус и тоа беше фрустрирачки. Во Тотенхем дишам свеж воздух, имам подобар однос со тренерот и тренирам подобро што се чувствува и на моето тело“, изјави Кулушевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лондонско дерби на пазарот: Арсенал и Тотенхем „загризаа“ за напаѓачот што му даде хет-трик на Интер

Николо Тресолди влезе во фокусот на европските великани по блесокот во Лигата на шампионит…