Дома Топ вести „Кралевите“ го следат од јуниорските денови, а тој истакна: За Реал би играл и БЕСПЛАТНО!

„Кралевите“ го следат од јуниорските денови, а тој истакна: За Реал би играл и БЕСПЛАТНО!

Во Реал фудбалерите заработуваа милијарди, но овој фудбалер е спремен да игра и бесплатно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Русинот Фјодор Смолов кој настапува за Краснодар истакна дека е спемен да игра и бесплатно за Реал Мадрид.

Последните недели шпанските медиуми шпекулираат за можно пристигнување на Смолов на „Бернабеу“.

Реал со заминувњето на Мората остана со само еден калсичен напаѓач, Карим Бензема и тоа се покажа како погрешен потег.

Смолов постигна осум погодоци во руската Премиер лига оваа сезона, а сега откри што мисли за негов трансфер во Мадрид.

„Кога би постоела таква можност, за Реал би играл и бесплатно. Би потпишал договор, а клубот не би требало да ми плаќа ништо“, изјави Смолов.

Тој откри дека клубот од Мадрид го следи од поодамна, уште пред да стане професионалец.

„На нивната листа сум од јуниорските денови. После двата погодоци кои ги постигнав против Шпанија, моето име повторно здогледа светло на крајот од тунелот“, додаде напаѓачот на Краснодар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…