Трансферот на Алекс Окслејд Чемберлејн веројатно нема да се реализира, па Антонио Конте има нова мета.
Имено, Чемберлејн ги одби „сините“, неговата желба е трансфер во Ливерпул. Токму поради тоа екипата на Челзи своето внимание го насочи кон нов фудбалер, а тоа е Рафиња Алкантара од Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува германски „Билд“, официјалната понуда веќе пристигна на адреса на екипата од Минхен, а се очекува германскиот гигант да не застанува на патот на 31 годишниот фудбалер.
Рафиња е во втор план во Баерн и оваа сезона запиша само 23 минути во дресот на Баерн, Карло Анчелоти предност му дава на Џошуа Кимих, покрај тоа на оваа позиција Италијанецот може да го користи и Себастијан Руди, па Рафиња нема премногу да недостадува на бавраците.
Last minute nach England? – Chelsea heiß auf Bayerns Rafinha https://t.co/4egpODThuA
— BILD (@BILD) August 30, 2017