
Италијанските медиуми денеска нагласуваат дека оваа сезона за тренерот на Наполи, Антонио Конте, е најслабата доколку се гледаат освоените поени на неговиот тим во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во моментот, Наполи има 70 поени, а во преостанатите три кола може да достигне максимум 79, што исто така би бил негативен рекорд во тренерската кариера на Конте во клубовите од Серија А, каде никогаш не освоил помалку од 80 поени, а да го водел својот тим во текот на целата сезона.
Најмногу поени Конте освоил со Јувентус, дури 102 во шампионската сезона 2013/14, а во уште две сезони со „бјанконерите“ освојувал 87, односно 84 поени.