Дома Трансфер зона Конте во Милан го носи капитенот на Наполи

Конте во Милан го носи капитенот на Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте од следната сезона ќе седне кормилото на Милан.

Наводно Конте постигнал начелен договор со „росонерите“ и на крајот на сезоната ќе го замени Пиоли на клупата.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Двете страни разговарале и за трнсферите, а најголема желба на Конте е капитенот на Наполи и италијански репрезентативец, Џовани Ди Лоренцо.

30-годишниот десен бек минатата година имаше клучна улога во освојување на титулата, а Конте верува дека е идеален за неговата формација 3-5-2.

Ди Лоренцо има договор со Наполи до јуни 2028 година, па на Милан нема да му биде лесно да го доведе на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…