Британците Ентони Џошуа и Тајсон Фјури изгледа конечно би можеле да се договорат за битка за шампионскиот ВБЦ појас.
Менаџерите според информациите на „ЕСПН“ вече ги започнале преговорите во кој Фјури би го бранел појасот во ВБЦ верзијата. Џошуа во борбата би влегол како предизвикувач бидејќи со поразот од Олександар Усјук ги загуби појасите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно двајцата се обидуваа да договорат борба, но тие преговори пропаднаа. Во кариерата Џошуа има 25 победи и три порази, додека Фјури е на 33 победи и една нерешена. Тоа беше првата борба против Деонтај Вајлдер.
Победникот од оваа борба би можел да го предизвика Усјук кој ги чува сите шампионски титули.