Дома Фудбал Останато Конечно се огласи Мурињо и проговори за својата иднина!

Конечно се огласи Мурињо и проговори за својата иднина!

0

Англиските медиуми денес информираа дека Мурињо постогнал договор со Манчестер Јунајтед за раскинување на соработката и дека ќе добие бонус од 15 милиони фунти.

Тоа значи дека Португалецот е слободен да си бара нов ангажман, а веќе почна да се шпекулира за неговата иднина.

Денес конечно се огласи и самиот Мурињо, кој истакна дека за него не е опција враќање во Португалија во овој момент.

„Можам само да кажам дека немам никаков интерес да работам како селектор на Португалија. Во овој момент ми се допаѓа мојата ситуација, не планирам да правам ништо. Исто така Бенфика не е опција за мене во овој момент“, истакна Мурињо, а потоа одговори дали би се вратил во Реал Мадрид.


Следете го Sportski.mk и на


„Ако се зборува за враќање на еден тренер, тоа значи дека направил нешто позитивно. Тоа го почувствува кога се вратив во Челзи. Кога еден професионалец се враќа во клубот, или му е понудено да се врати, тоа е огромна чест“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сари го прокоментира доаѓањето на Игуаин

Трансферот на Гонзало Игуан во Челзи е само прашање на време, а тоа сигурно ќе го израдува…