Дома Фудбал Останато КОЛУМНА: Дали вечерва ФИФА знаеше кај „тера“?

КОЛУМНА: Дали вечерва ФИФА знаеше кај „тера“?


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Вечерва ФИФА во Лондон ги доделуваше наградите за најдобрите во изминатата година, а после завршувањето на гала вечерта сигурно ќе следуваат голем број дебати за дел од наградите…

По самото завршување на церемонијата следуваа низа на критики, а слободно можеме да кажеме и со право бидејќи вечерва беа донесени низа условоно кажано котроверзни одлуки.

Контроверзиите започнаа уште на самиот старт!

Дали реално некој очекуваше дека оние ножички на Кристиано Роналдо кои со денови се вртеа на ТВ екраните да бидат победени од слаломот на Мохамед Салах против Евертон!?


Да, голот на Салах е навистина одличен, но како, како можe да биде подобар од едни такви спектакуларни ножички!?

Прво, погодокот на Роналдо е далеку потежок и поатрактивен за гледање, а и е постигнат во натпревар од нокаут фаза во Лигата на шампионите, значи има и поголема тежина од оној на Салах кој е постигнат во првенствен натпревар.

Голот на Салах со кој победи ќе потсетиме не беше номиниран ниту за најдобар во Премиер лигата!

Еве да го изоставивме овој гол на Роналдо, па тука беше уште оној волеј на Бенџамин Павар на Мундијалот, голот на Бејл во финалето од Лигата на шампионите…

Голот на Салах беше само вовед во конфузните одлуки кои следеа….

messi

Египќанецот како што е добро познато заедно со Роналдо и Модриќ се бореше за главната награда играч на годината! Но, внимавајте за истиот тој Салах немаше место во идеалниот тим на ФИФА, благо кажано навистина чудна одлука. Од друга страна пак, Лео Меси го немаше во најтесната конкуренција, но си доби место во идеалниот тим (не ги оспорувам квалитетите на Меси, дали заслужил тоа е друга тема, само споредувам одлука која е навистина чудна).

ТИБО КУРТОА НАЈДОБАР ГОЛМАН ВО СВЕТОТ!

Со сета почит кон Белгиецот, нели оваа реченица некако не оди?

kurtoa

Прво ако се гледаат трофеите Куртоа го нема ниту на мапа, беше дел од Челзи кој преку Премиер лигата се избори за настап само во Лигата на Европа, ако трофеите се изостават веројатно во прв план доаѓа Давид Де Геа (според мене сигурно) кој веќе подолго време е играч број еден на Манчестер Јунајтед!

Многумина од вас ќе помислат и на Даниел Субашиќ кој со Хрватска имаше фантастичен Мундијал и беше еден од предводниците на Хрватска која стигна до самото финале.

Гледано по значајноста на трофеите во прв план би излегол Хуго Лорис кој беше дел од репрезентацијата на Франција која стигна до светската титула. Тука е и денес неговиот тимски колега Кејлор Навас кој од страна на УЕФА беше избран за најдобар голман во Европа.

Интересно е што Субашиќ, Навас и Де Геа не беа ниту потесната конкуренција. Друштво на Лорис и победникот за ФИФА, Куртоа им правеше Каспер Шмајхел.

За конфузијата во оваа ситуација да биде поголема за голман на идеалниот тим беше избран – Давид Де Геа! Ќе повториме уште еднаш – НЕ БЕШЕ НИТУ НОМИРАН ВО ПОТЕСНАТА КОНКУРЕНЦИЈА!

Уште една чудна одлука е поврзана со идеалниот тим.

Даниел Алвес доби место во најдобрите 11! Да, по името и славата на играчот не изгледа чудно. Но, во изминатата сезона Алвес со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите стигна само до осминафиналето, а не беше ниту дел од Мундијалот кој го пропушти поради повреда.

Како се избори за местото кога во Европа не направи ништо посебно, а не беше дел од турнирот кој сигурно ја обележи годината?

ЧУДНО? ЗА ФИФА – НЕ!

Пишува: Стефан Даскалов

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…