
Англискиот фудбал наскоро може да воведе пробно правило за да се спречи тактичкото одолговлекување на голманот за време на натпреварите, пренесоа денеска британските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалската федерација на Англија (ФА), Премиер лигата, Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), Националната лига и Женската суперлига постигнаа договор за спроведување на овој експеримент, под услов да добијат одобрение од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (ИФАБ), пренесе Би-Би-Си (BBC).
Порано оваа година ИФАБ одлучи засега да не ги менува правилата на игра, туку ги покани лигите што сакаат да учествуваат во пробно тестирање.
Организацијата на професионалните фудбалски судии во Англија, предводена од директорот за судење Хауард Веб, разговараше со лигите за тоа како да се реши овој проблем и беше одлучено тимот да биде казнет со привремено повлекување на еден играч од теренот.
Ако судијата сигнализира дека физиотерапевтот може да влезе на теренот за да му укаже помош на голманот, тренерот ќе има 10 секунди да одреди еден играч кој ќе го напушти теренот на една минута и за тоа ќе го информира четвртиот судија.
Ако во рок од 10 секунди не биде избран ниту еден играч, теренот ќе мора да го напушти капитенот на тимот.