Дома Македонски спорт Мак фудбал Клубот кој некогаш беше гордост на цела Западна Македонија денес е пред згаснување!

Клубот кој некогаш беше гордост на цела Западна Македонија денес е пред згаснување!

Поранешниот фудбалски прволигаш Напредок Кичево кој долги години беше гордост на цела Западна Македонија денес е пред згаснување.

На Фејсбук страната на овој клуб се појави обраќање до јавноста за спас на клубот. Се повикуваат сите кои се во можност да помогнат.

„ФК НАПРЕДОК ги повикува сите спортски ентузијасти, сите спортски љубители да му помогнат на еден од најстарите клубови како не би дошло до негово згаснување,бидејќи представува симбол на Кичево и пошироко во Македонија потребно е до 29.09.2021 година да се плати котизација за полусезона во Трета македонска фудбалска лига-Запад во износ од 75 000 денари. Сите кои ќе донираат ќе добијат потврда за донираните средства. Се надеваме дека ќе излезете во пресрет на нашиот апел“, стои во нивното обраќање.

Напредок е формиран во далечната 1928 година под името Јадрана, потоа го носел името Јанчица за во 1952 да го добие денешното име. Во 2004 година играа финале во Купот на Македонија во кое беа поразени од Слога Југомагнат со 0:2. Во првата лига на Македонија последен пат играа во 2014 година, а вкупно беа дел 12 сезони.,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Чави се огласи откако медиумите веќе го прогласија за нов тренер на Барселона

Роналд Куман вчера по поразот од Рајо Ваљекано доби отказ во Барселона, нешто што навивачи…