Челниците на УЕФА, Здружението на европските клубови ЕКА и најсилните национални првенства повторно на заеднички состанок барале начин како да заврши фудбалската сезона.
Италијанските медиуми тврдат дека начелно е постигнат договор најпрвин да завршат сезоните во националните шампионати, а дури потоа да се играат мечевите во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Според овие извори првиот човек на ЕКА, претседателот на Јувентус Андреа Ањели успеал да го убеди првиот човек на УЕФА Александар Чеферин да го подржи овој предлог.
Целта е да се креира хомоген календар, односно 12-те најсилни европски лиги да завршат истовремено. Ова значи дека фудбал ќе се игра и во јули, па во тој случај сите клубови би имале исти услови во борбата за титулите.
Поради пандемијата со коронавирусот се уште не се знае точно кога ќе продолжи сезоната, но претпоставките се дека ќе се создадат услови на почетокот на мај.