Дома Фудбал Англија Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како верна сопруга што го чека мажот да излезе од затвор

Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како верна сопруга што го чека мажот да излезе од затвор

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во свој стил ја прокоментира повредата на столбот на одбраната, Вирџил ван Дајк.

Ван Дајк ќе паузира шест до седум месеци поради повреда после остриот старт на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

„Се уште не е јасно кога ќе се оперира, но јасно е дека му следува долга пауза. Сигурен сум дека тој ќе го надмине ова и ќе се опорави целосно. Ние сме во постојан контакт со Вирџил и секогаш сме тука за него. Ќе го чекаме како верна сопруга која го чека својот маж да се врати од затвор. Во меѓувреме ќе направиме се за да му ја олесниме рехабилитацијата“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Да бидеме искрени сите знаеме кога започна падот на Реал Мадрид“

Во Шпанија, посебно во Мадрид главна тема денес е катастрофалното издание на Реал против Ш…