Дома Фудбал Крај на сите дилеми, Ван Дајк почна преговори

Крај на сите дилеми, Ван Дајк почна преговори

Иднината на Ван Дајк во Ливерпул беше неизвесна бидејќи дефанзивецот влезе во последната година од договорот.

Англиските медиуми сега објавија дека Ван Дајк донел одлука и ги започнал преговорите со Ливерпул за продолжување на соработката.

Потпишувањето на новиот договор на Ван Дајк е приоритет за „црвените“, па се очекува двете страни брзо да се договорат.

Холанѓанецот е во клубот од јануари 2018 година и оттогаш Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот и два Лига купа, заедно со европскиот Суперкуп, Комјунити Шилд и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…