Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.
Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и изгледа дојде време за голем трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него веќе подолго време интерес покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Интер, а сега во трката за потписот се вклучи и Ливерпул.
Удинезе е спремен да го пушти и веќе ја одреди цената, а таа изнесува 40 милиони евра.
Ливерпул наводно е спремен да ја плати таа сума на лето, па уште сега започнал да работи на трансферот.
#DailyExpress: "Il #Liverpool piomba su #DePaul. #Klopp vuole l'argentino dell'Udinese" https://t.co/NKBjxopkma
— Tuttosport (@tuttosport) January 14, 2021