Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ за неговиот потпис на Удинезе му платија 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа Де Паул не се снајде баш најдобро во Мадрид, нема голема минутажа и би можел веќе во јануари да се врати во Серија А.
Имено, Милан и Јувентус се силно заинтересирани за Аргентинецот и сакаат да го донесат во своите редови.
Италијанските клубови ќе понудат позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.