Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не брза да го нарече неделното дерби против Манчестер Сити – решавачко за титулата.
Двата тима ги дели само бод во трката за врвот, а ова исто така ќе биде и дуел на Клоп и Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е меч кој одлучува за титулата? Не знам кој го смисли ова, но сѐ уште е рано. Мислам дека никој не треба да го отвора шишето шампањ без разлика на резултатот“, изјави Клоп.
„Пеп е најдобриот менаџер во светот. Токму поради него и јас сум подобар менаџер. И двајцата сакаме да победуваме, и двајцата ја имаме таа среќа што тренираме врвни фудбалери во нашите тимови. Имаме многу да разговараме, но во недела ќе се соочиме еден против друг“, додаде Клоп.