Дома Трансфер зона Клоп спрема „бомба“ – се сретна со агентите на тинејџерската сензација!

Клоп спрема „бомба“ – се сретна со агентите на тинејџерската сензација!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имал средба со преставниците на ѕвездата на Монако Килијан Мбапе, пренесуваат француските и англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот „вундеркинд“ е трансфер мета на најголемите европски клубови, „Дејли Мејл“ пренесува дека Клоп го следи Мбапе во изминатите 12 месеци, а сега презел конкретни чекори.

Сепак, Ливерпул малку подоцна се вклучува во трката за Мбапе во која се уште тимовите од Манчестер, Реал Мадрид, ПСЖ и Челси. Неодамна се појавија гласини дека од шпанскиот гигант испратиле понуда од 135 милиони евра за францускиот репрезентативец.

Во изминатата сезона Мбапе стана најголемата сензација во Европа. Фудбалерот одигра 29 натпревари и постигна 15 гола за триумфот на Монако во француското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…