Дома Фудбал Англија Клоп: Ние сме чудовишта на психологијата

Клоп: Ние сме чудовишта на психологијата

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп ги пофали своите и играчите на Челзи после финалето во ФА Купот.

„Црвените“ славеа на „Вембли“ после подоброто изведување на пеналите (6:5) откако во регуларниот дел беше 0:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Едноставно е неверојатно. Беше тоа фантастичен натпревар и тие ја заслужија победата, како и во финалето од Лига Купот. Ете колку е мала разликата меѓу тимовите…Многу сум горд на момците за тоа колку труд вложија“.

Зборуваше Клоп и за Челзи.

„Морав да се нервирам додека беа пенали. Многу се сочувствувам и со Челзи, втор пат играш 120 минути и на крај не добиваш ништо. Но, многу сум среќен за нас. Ние сме чудовишта на психологијата, исто така и Челзи. Се одлучи само еден пенал. Челзи покажа одлична игра, меѓутоа само еден може да биде победник“, истакна Клоп.

Ливерпул на 28. мај го чека финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, додека на две кола пред крајот во првенството на Англија има три бода помалку од Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…