
Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ полека го завршува одморот по Вимблдон, кој траеше скоро еден месец. Сликите и снимките како ужива во Црна Гора станаа вирални, а време е полека да започне со подготовките за следниот турнир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мастерсот во Цинцинати од следната недела ќе му служи како подготовка за УС Опен, последниот гренд слем турнир во сезоната. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави вирален видео запис.
Ноле предложи вистинска револуција во светот на тенисот и промена на форматот на натпреварувањето, кој според него би бил поинтересен. Во разговор со инфлуенсерот Никос Кутракос, тој го изнесе своето мислење.
– Мислам дека тенисот има потреба од нов систем за бодување. Сетовите не треба да се играат до шест гема. Верувам дека сетот треба да се игра до четири гема, со можност за укинување на правилото за предност при резултат 40:40. Натпреварите би се играле додека некој не освои три такви скратени сета. На тој начин, натпреварите не би траеле повеќе од два часа, што според мене, е најдобро за сите – рече еден од најподготвените играчи во историјата на оваа игра.