
Марк-Андре тер Штеген дефинитивно нема да ја брани голот на Барселона во претстојната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој искусен 34-годишен голман ќе ја продолжи својата кариера во Холандија, бидејќи официјално потпиша едногодишен договор (позајмица) со Ајакс.
Оваа информација ја потврди славниот холандски клуб, кој во претстојната сезона од Тер Штеген очекува да биде лидер на тимот.
На тој начин Барселона остана, или подобро да се каже, се ослободи од својата легенда, која вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Џирона.
Тер Штеген пристигна во Барселона во летниот трансфер период 2014 година од Борусија Менхенгладбах.
Каталонците тогаш за него платија 12 милиони евра, а за време на неговиот престој на Камп Ноу, германскиот голман стана еден од најуспешните странци во историјата на клубот.