Дома Македонски спорт „КК Ангели“ викендов организираа „Баскет 3×3“ турнир

„КК Ангели“ викендов организираа „Баскет 3×3“ турнир

Со поддршка од Општина Кисела Вода, а во организација на КК „Ангели” од Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија”, изминатите три дена (петок, сабота и недела) се одржа Баскет 3×3 турнир, на кој учествуваа три возрасни категории, младинци, сениори и ветерани.

Во младинска конкуренција учествуваа 6 екипи и се одиграа седум натпревари. На финалниот натпревар силите на теренот ги одмерија младинските екипи на КК „Ангели” и КК „Вардар”. Победник на овој натпревар беше екипата на КК „Ангели”. Во сениорска конкуренција учествуваа 9 екипи од цела држава и се одиграа 12 натпревари. Во финалето се пласираа екипите на „Dust” и „Terminatori”. На овој натпревар победи екипата на „Dust”.

Во ветеранска категорија учествуваа 3 екипи и се одиграа 4 натпревари. Во оваа категорија, во финалето победи екипата на Кисела Вода. За најдобрите учесници и освојувачи на турнирот, кошаркарскиот клуб „Ангели” заедно со Општина Кисела Вода додели ваучери во вредност од 50.000,00 ден. и други награди. Овој турнир втора година се одржа на територијата на Општина и полека но сигурно се етаблира како еден од најдобрите 3×3 баскет турнири во нашата држава.

На натпреварувачите, на дел од натпреварите поддршка им даваа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, пратеникот во Законодавниот дом, Дарко Каевски и директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

На победниците пехарите и ваучерите и ги додели градоначалникот Филип Темелковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Надежите до 17 години ремизираа против Србија

Репрезентацијата на Македонија до 17 години денес ремизираше во натпреварот против Србија …