Дома Останати Тенис Кирјос се однесуваше дивјачки: Искрши рекет и фрли столче на теренот – следуваше дисквалификација! (ВИДЕО)

Кирјос се однесуваше дивјачки: Искрши рекет и фрли столче на теренот – следуваше дисквалификација! (ВИДЕО)

0

Aвстралиецот Ник Кирјос е дисквалификуван од Мастерсот во Рим поради дивјачко однесување во текот на мечот од второто коло против Норвежанецот, Каспер Руд.

Резултатот во моментот на прекинот беше 1:1 во сетови. Руд го доби првиот сет со 6:3, за Кирјос да возврати 7:6 (5).

Кирјос направи брејк во првиот гем, а потоа Руд возврати со иста мера. Во еден момент Кирјос се изнервира и протестираше кај судијата, жалејќи се на публиката. Судијата не толерираше такво однесување и следниот гем му го додели на Руд.

Таквиот развој на ситуацијата дополнително го налути Кирјос кој го удри рекетот од земја, а потоа и фрли столче на теренот. После сето тоа тој си ги собра работите и си замина. За ваквото однесување беше дисквалификуван.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал рутинси против Вердаско за полуфинале во Рим

Рафаел Надал го совлада Фернандо Вердаско и се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерсот …